vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), член 19-а и член 23 став 3 и 4 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), Градоначалникот на општина Струга, распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на директор на
ЈП „КОМУНАЛНО“ – Струга

1.Општина Струга има потреба од избор на директор на ЈП „КОМУНАЛНО“ – Струга со мандат од 4 (четири) години.

1.1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да има општа здравствена способност и
  • да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност

1.2.Кандидатите покрај општите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  • да има минимум 5 (пет) години работно искуство;
  • да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од 5 (пет) години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFEL iBT)-најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS)-најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal)-најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First)-положен БУЛАТС (BULATS)-најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS)-најмалку ниво Б2 (В2).

2.Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

  • молба (со точна адреса на живеење и телефон), со напомена за кое работно место конкурира;
  • кратка биографија (CV);
  • Предлог програма за работа и развој на претпријатието;
  • Уверение за државјанство;
  • доказ за општа здравствена способност, да не е постаро од 6 (шест) месеци;
  • доказ дека не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да не е постаро од 6 (шест) месеци;
  • доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена кај нотар)
  • доказ за работно искуство издаден од Агенција за вработување;
  • меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик не постар од 5 (пет) години.

3.Работно време од 40 часа неделно (понеделник-петок) од 08:00 до 16:00 часот. Основна нето плата 75.000,00 денари.

4.Конкурсот трае 10 (десет) работни дена од денот на неговото објавување.

5.Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидатите.

6.Изборот на директор го врши Градоначалникот на општина Струга во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата од страна на комисијата.

7.Пријавата со потребните документи да се достават: во Архивата на општина Струга или по пошта на адреса Општина Струга ул.„Маршал Тито“ б.б. – Струга, со назнака за Јавен конкурс за ЈП „КОМУНАЛНО“.

ЈАВЕН КОНКУРС

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).