vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 26 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.2/18, 10/19, 22/19, 11/20, 12/22 и 14/22) и член 59 став 4 од Деловникот на Советот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.4/18), Претседателот на Советот на Општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 5 (петта) вонредна
седница на Советот на Општина Струга

Ја свикувам 5 (петтата) вонредна седница на Советот на Општина Струга, за 07.07.2026 год. (вторник) со почеток во 14:00 часот, во големата сала на Советот на Општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на јавни паркиралишта за зонско паркирање на подрачјето на град Струга.
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на тарифа на цени по зони, за организирање на зонско паркирање на град Струга.
  3. Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање.
  4. Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за оправданоста на доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство „Контрола и управување на проблемот со кучиња скитници“.
  5. Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство.
  6. Барање за преземање на долг на ЈП „Водовод и канализација“-Струга.
  7. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Струга за 2026 година.
  8. Исправка на грешка на предлог-одлуката за измена и дополна на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Струга за 2026 година.

    Материали од седницата

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).