vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа нa член 30, став (1) алинеја (2) став (3) и став (5) и член 48 став (4) од Законот за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 05/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 и бр.14/20, бр.215/2021 и 99/2022,208/24,, како и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во Зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник нa Република Македонија“ 259/2024), во согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Струга број 09-3840/1 од 05.10.2016 година, бр. 798 од 27.02.2017 година, 09-1696/1 од 04.04.2018 година, бр.09-2858 од 25.06.2018 и 09-3112 од 23.07.2019, бр.09-3604/4 од 23.09.2019 година, бр.09-4988/1 од 16.12.2019 година, бр.04-103/1 од 09.01.2020, бр.09-3480 од 28.10.2020, 09-4175/1 од 10.11.2021 година бр. 09-4175/2 од 10.11.2021, бр. 09-2742/4 од 29.07.202, бр. 03-3020/2 од 16.11.2021 и бр.09-3987/1 19.09.2022, 09-5233/1 од 13.12.2023 04-520/1 од 21.01.2025 и 09-2581/1 од 13.05.2025, 04-3462/2 од 08.07.2025, , бр.09-3576/1 од 15.07.2025, бр.04-3787/1 од 28.07.2025 година бр.09-1867/1 од 26.03.2026година и бр.09-4597/1 од 11.08.2026година како и согласно член 50 став 1 алиинеја 14 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ 5/02, и „Службен весник на Република Северна Македонија„ и Службен весник на РСМ бр.202/24), и врз основа на Годишен план за вработување за 2026 година бр.04-3737/3 од 27.08.2025 година и позитивно мислење од Министерство за јавна администрација со бр.35-3737/8 од 17.09.2025., Општина Струга објавува :

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 03/2026
за унапредување на административни службеници во Општина Струга

Општина Струга објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

  1. УПР0101В02000 co шифра на работно место Виш Соработник за примена на прописи, постапки и стандарди за човечки ресурси, одделение за управување со човечки ресурси – -– 1 (еден) извршител.

Општи услови

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
    -да има општа здравствена способна работното место,
    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
— VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

  • Општествени науки
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку две (2) години работно искуство во струката,
    -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици нa Европската Унија (англиски, француски, германски), Потреби општи работни комепетенции на напредно ниво:
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон странките/засегнати страни;
  • раководење; и
  • финансиско управување

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
    -работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
    -Паричниот износ на основната нето плата 41.359,00
    денари.
    Заинтересираните административни службеници за унапредување треба да ги исполнуваат општите услови и посебните услови утврдени co Правилникот за систематизација на работните места во Општина Струга, како и :
  • да е оценет со оцена “A” или “Б“ при последно оценување,
    -дa е на работно место на непосредно пониско -ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
    -да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавуваањето на интерниот оглас .
    Право на учество имаат сите административни службеници вработени во Општина Струга кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
    Кандидатите кон пријавата можат да ги приложат следниве докази:
    -потврди за успешно реализирани обуки и/или,
    -потврди за успешно реализирано менторство.
    Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето

Пријавата со потребната документација треба да се достави преку архивата на Општина Струга до Одделение за управување со човечки ресурси на адреса Општина Струга, ул. Плоштад Мајка Тереза б.б. Струга како и до службената електронска адреса: ocr@struga.gov.mk

Не навремена, нецелосна и неуредна пријава, нема да биде предмет на разгледување.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на Општина Струга

HAПOMEHA: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од натамошна постапка

Интерен оглас

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).