Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на РМ,, бр.27/14, 199/14 , 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија 275/19, 14/20, 215/21, 99/22, 208/2024, 114/25, 252/25, 266/25), Градоначалникот на Општината Струга, донесе
О Д Л У К А
за избор на административен службеник
по пат на интерен оглас бр.03/2026
- УПР0101Б02000 co шифра на работно место Соработник за примена на прописи,постапки и стандарди за човечки ресурси,одделение за управување со човечки ресурси – 1 (еден) извршител се избира кандидатот Амир Шеји.
- Административниот службеник ќе биде унапреден на работното место од претходниот став, по конечноста на оваа Одлука, врз основа на донесено решение.
- Оваа одлука стапува на сила по објавување на веб страната на Општина Струга.
О б р а з л о ж е н и е
Општина Струга спроведе постапката за унапредување на административен службеник за извршување на работите од став 1 на оваа Одлука, преку објавен интерен оглас бр. 03/2026.
Интерниот оглас беше објавен на веб страната на општина Струга и на Агенцијата за администрација на ден 04.09.2026 година.
Со решение број 04-5120/7 од 16.09.2026 година формирана е Комисија за селекција за унапредување по интерен оглас бр.03/2026, која ја спроведе постапката за административна селекција на кандидатите за унапредување. По спроведената постапка, Комисијата за селекција за унапредување изготви Записник од административна селекција за интерен оглас, број 04-5120/8 од 17.09.2026 и Записник од спроведување на интервју бр.04-5120/9 од 17.09.2026.
Врз основа на Финалната ранг листа на интервјуираниот кандидат со предлог одлука за избор на прворангираниот кандидат бр. 04-5120/10 од 21.09.2026, изготвена од страна на Комисијата за селекција за унапредување, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа Одлука незадоволниот кандидат може да изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Општина Струга.
Доставено до:
– кандидатот,
– Архива
– Одделение за управување со човечки ресурси
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначланик
Менди Ќура
