Почнаа градежните работи за реконструкција на најпознатиот мост во Струга, Мостот на поезијата, каде секоја година се одржуваат Струшките вечери на поезијата, од каде произлегува и името на мостот. Реконструкцијата на овој мост е многу важна затоа не само што служи како клучна точка(мост) за поврзување на писателите ширум светот но и заради фактот дека истиот не е реновиран уште од неговата изградбата.
Многу наскоро, Мостот на поезијата со нов изглед.
Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

