vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Секторот за јавни дејности при Општина Струга е организациона единица која врши стручни, административни и оперативни работи од областа на образованието, културата, спортот, социјалната, детската и здравствената заштита, согласно надлежностите утврдени со Закон за локална самоуправа, Закон за административни службеници и други релевантни законски и подзаконски акти.

Секторот учествува во креирање, спроведување и следење на локални политики, програми и мерки од јавен интерес, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и обезбедување еднаков пристап до јавни услуги.

Во рамки на своите надлежности, Секторот:

  • подготвува и реализира програми и стратегии;
  • спроведува јавни повици и постапки за финансиска поддршка;
  • води регистри и евиденции;
  • соработува со институции, установи и граѓански организации;
  • обезбедува транспарентност и отчетност во работењето.

Работата на Секторот се заснова на принципите на законитост, ефикасност, транспарентност, отчетност и еднаков третман на сите граѓани.
Одделенија

1.Одделение  за образование и култура 2.Одделение за спорт и здруженија на граѓани 3.Одделение за  социјална, детска и здравствена заштита

Раководител

  • Џеми Хајредини
    Email: xh.hajredini@struga.gov.mk
    Работно време 08:00 – 16:00

Закони


Регистар на Спомен -Облежја Општина Струга