Почитувани,
Во чест на 80-годишнината од ослободувањето на Струга, Советот на Општина Струга има чест да Ве покани на свечената седница по овој значаен повод.
Свечената седница ќе се одржи на 8 ноември 2024 година, со почеток во 09:00 часот, во салата на Советот на Општина Струга.
Ве покануваме да бидете дел од ова обележување и заедно да го прославиме големиот јубилеј на нашиот град.


