Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 41 (четириесет и прва) седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 41 (четириесет и прва) седница на Советот на Општина Струга, за 15.11.2024 година (петок) со почеток во 09:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Записник од триесет и осмата седница на Советот на општина Струга.
- Записник од триесет и деветтата седница на Советот на општина Струга.
- Записник од четириесетта седница на Советот на општина Струга.
- Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за трет квартал 2024 година.
- Одлука за измена и дополнувања на Буџетот на Општина Струга за 2024 година.
- Предлог – План на програми за развој на Општина Струга – Изградба и реконструкција на водоводи.
- Предлог – План на програми за развој на Општина Струга – Изградба на локални патишта и улици.
- Финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунално“-Струга, за период од 01.07 до 30.09.2024 година.
- Финансиски извештај за работата на трет квартал 01.07-30.09.2024 на ЈП „Еко Струга“ Струга.
- Програма за работа и разој на ЈП „Еко Струга“ Струга за 2025 година.
- Извештај за состојбата во областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и безбедност во патниот сообраќај на подрачјето на ПС од општа надлежност-Струга за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 година.
- Годишен Извештај за работа на ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга за учебната 2023-2024 година.
- Годишна Програма за работа на ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга Воспитна 2024/2005 година.
- Годишна Програма за работа на воспитно-образовната дејност на Домот во учебната 2024/2025 година.
- Барање од Месна Заедница с.Горна Белица и Здружение „Регионален Зелен Центар“ – Охрид.
- Извештај за програмите во Секторот за јавни дејности за 2023 година.
- Извештај за реализација на Програмата за подршка и финансирање на НВО Општина Струга за 2023 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на култура за 2023 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на спортот и младите во 2023 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на социјалната заштита за потребите на граѓаните на Општина Струга за 2023 година.
- Предлог – Програма за активностите во областа на образованието на општина Струга за 2025 година.
- Предлог – Одлука за прифаќање на информација.
- Предлог – Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година.
- Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Струга за 2025 година.
- Предлог – Решение за именување член на училишен одбор во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци.
- Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија на КП 2321/1 КО Мислешево вон град општина Струга.
- Барање за доделување финансиска помош од Демирка Зеќироска.
- Барање за доделување финансиска помош од Гезиме Насуфи.
- Барање за доделување финансиска помош од Роза Тортоска.
- Барање за доделување финансиска помош од Албулена Ала.
- Барање за доделување финансиска помош од Менсур Џакоски.
- Барање за доделување финансиска помош од Елијеса Алуши.
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши
