vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 42 (четириесет и втора) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 42 (четириесет и втора) седница на Советот на Општина Струга, за 13.12.2024 година (петок) со почеток во 09:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од четириесет и прва седница на Советот на општина Струга.
  1. Извештај за состојбата во областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и безбедност во патниот сообраќај на подрачјето на ПС од општа надлежност-Струга за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 година.
  2. Барање од Месна Заедница с.Горна Белица и Здружение „Регионален Зелен Центар“ – Охрид.
  3. Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Струга за 2024 година.
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на тримесечниот финансиски извештај на ЈКП „Хигиена“ с.Лабуништа-Струга за период од 01.07.2024 до 30.09.2024 година.
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката заусвојувањена финансискиот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за период 01.01.2024-30.09.2024 година.
  6. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за донесување Програма за работа на ЈП „Водовод и канализација“ Струга.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за донесување финансиски план на ЈП „Водовод и канализација“ Струга.
  8. Предлог – Одлука за превземање на долг.
  9. Предлог – Одлука за започнување на постапка за престанок на работењето на ЈП „Водовод Делогожда“ и отварање на стечајна постапка.
  10. Предлог – Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на Општина Струга за 2025 година.
  11. Предлог – Програма за работата на територијалната противпожарна единица при Општината во Струга за 2025 година.
  12. Програма на Одделението за локален економски развој на Општина Струга за 2025 година.
  13. Предлог – Програма за активностите во областа на образованието на општина Струга за 2025 година.
  14. Предлог – Програма за култура.
  15. Предлог – Програма за спорт и невладини организации.
  16. Предлог – Програма за активностите на Општина Струга за млади во 2025 година.
  17. Предлог – Програма за социјална и детска здравствена заштита.
  18. Програма за родова еднаквост.
  19. Програма за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2025 година.
  20. Програма за заштита на животната средина за 2025 година.
  21. Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2025 година.
  22. Предлог – Правилник за определување на локации за поставување на урбана опремаи кампирање.
  23. Предлог – Одлука за утврдување и наплата на комунална такса 2025.
  24. Предлог – Одлука за потреба од поставување урбана опрема.
  25. Предлог – Одлука за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и заусловите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор на подрачјето на општина Струга.
  26. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на локалните патишта, во Општина Струга за 2025 година.
  27. Предлог – Програма за изградба на сообраќајна сигнализација на Општина Струга за 2025 година.
  28. Иницијатива за изработка на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 17.28, ГП 17.28.1, ГП 28.2 и ГП 17.50 од ДУП за Езерски Лозја дел 1 и 2, Општина Струга.
  29. Иницијатива за изработка на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 17.37, ГП 17.38 и ГП 17.39 од ДУП за Езерски Лозја дел 1 и 2, Општина Струга.
  30. Предлог – Решение за измена и дополнување на Решението за именување на членови на Просторниот Штаб за заштита испасување на Општина Струга и извршители за административно-технички и оперативни работи.
  31. Предлог – Решение за разрешување член на управен одбор во ЈП „Водовод и канализација“-Струга.
  32. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на училишен одбор на СОУ „Нико Нестор“– Струга.
  33. Предлог – Решение за именување на член на Управен одбор на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.
  34. Правилник за објавување на прописи и акти во „Службен гласник на општината Струга“.
  35. Предлог – Одлука за давање под закуп на недвижна ствар-деловни простории од објект во с.Мислодежда сопственост на општина Струга.
  36. Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар.
  37. Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар.
  38. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за учебната 2024/2025 година.
  39. Предлог – Одлука за доделување финансиска помош на лицето Маригона Жаку Мена.
  40. Предлог – Одлука за доделување финансиска помош на лицето Афердита Абдула.
  41. Предлог – Одлука за доделување финансиска помош на лицето Елизабета Димоска.
  42. Предлог – Одлука за доделување финансиска помош на лицето Весна Маркоска.
  43. Предлог – Одлука за доделување финансиска помош на лицето Фљамур Џила.
  44. Предлог – Одлука за доделување финансиска помош на лицето Асибе Јаја.

Материали од 42 седница
дел 1
дел 2
дел 3
дел 4

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).