Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, 89/22, 171/22 и 3/25) и Законот за квалитет на амбиентен воздух („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12, 163/13, 10/15, 146/15, 151/21 и 3/25), Општина Струга:
О Р Г А Н И З И Р А
Јавна презентација на Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 година.
Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 година.
План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 е објавен на веб страната на Општина Струга www.struga.gov.mk почнувајќи од 11.04.2025 год. до 25.04.2025 год.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 година до Општина Струга во рок од 15 дена од денот на објавување на оваа информација.
Сите заинтересирани страни се поканети да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 година и истите можете да ги испраќате на е_маил: info@struga.gov.mk, или до Општина Струга, секој работен ден од 08.00-16.00 часот со напомена „План за воздух 2025-2029„ .
Во прилог линк од документот план за подобрување на квалитето на воздух на општина Струга:

