Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 26 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.2/18, 10/19, 22/19, 11/20, 12/22 и 14/22) и член 59 став 4 од Деловникот на Советот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.4/18), Претседателот на Советот на Општина Струга, донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 5 (петта) вонредна
седница на Советот на Општина Струга
Ја свикувам 5 (петтата) вонредна седница на Советот на Општина Струга, за 07.07.2026 год. (вторник) со почеток во 14:00 часот, во големата сала на Советот на Општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за усвојување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на јавни паркиралишта за зонско паркирање на подрачјето на град Струга.
- Предлог – Одлука за усвојување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на тарифа на цени по зони, за организирање на зонско паркирање на град Струга.
- Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање.
- Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за оправданоста на доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство „Контрола и управување на проблемот со кучиња скитници“.
- Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство.
- Барање за преземање на долг на ЈП „Водовод и канализација“-Струга.
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Струга за 2026 година.
- Исправка на грешка на предлог-одлуката за измена и дополна на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Струга за 2026 година.
Материали од седницата
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски
