Врз основа на Мерка 2, точка 2.3. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, а се интересни заради промоција на туризмот на Струга за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/38 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, заради промоција на туризмот на Струга
1. Предмет на поддршка:
Субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, а се интересни за промоција на туризмот.
2. Право на учество:
Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица – занаетчии, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, кои се занимаваат со одредени занаети (рачна изработка на производи или услуги што бараат специфични работни вештини), се дел од еснафи (здруженија на занаетчии), а нивната работа е поврзана со туризмот и збогатувањето на туристичката понуда на Струга како туристичка дестинација.
3. Намена на средствата:
Средствата се наменети за поддршка на занаетчиите кои, преку своите традиционални ракотворби, ја отсликуваат културната историја и идентитетот на заедниците во Струга, претставуваат значајни носители на културното наследството, а нивните уникатни производи истовремено придонесуваат како атрактивна туристичка понуда и како важен фактор за развој на локалната економија. За таа цел, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.
4. Износ на средства за субвенционирање:
Средствата за субвенционирање на физичките лица-занаетчии се обезбедни во буџетот на Општина Струга за 2026 година, во Програмата Г2-Општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите.
Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица – занаетчии изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање, за 2026 година.
5. Начин на аплицирање:
Физичките лица – занаетчии, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.
6. Потребни документи за аплицирање:
- Барање за субвенционирање,
- Копија од тековна состојба од Централниот регистар (дејност: занаетчии),
- Копија од потврда од упис во Занаетчиска комора,
- Копија од лична карта на барателот,
- Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
- Друга документација.
7. Краен рок за аплицирање:
Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 25 ноември 2026 година.
НАПОМЕНА:
Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.
Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.
За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.
Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.


