Oпштина Струга беше посетена од Претседателот на Албанија , Илир Мета.
Делегацијата од Албанија, предводена од Претседателот на државата Илир Мета, ги посети просториите на општина Струга за да се сретне со градоначалникот на Струга, г. Рамис Мерко.
Претседателот беше пречекан од страна на функционери на локални и централни институции , пратеникот Агим Шаќири, како и преставници на други партии. На денешната средба како гостинка беше поканета и прадоначалничката на општина Арачиново, Г-ѓа Миликије Халими.
Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко му се заблагодари на претседателот Мета за оваа посета, ветена од времето кога г-дин. Мерко беше министер за странски инвестиции. Средбата започна со г. Мерко кој на кратки црти зборуваше за градот Струга, , населението, туристичката клима, традициите и политичката состојба во општина Струга.
Претседателот Илир Мета се заблагодари за поканата и приемот од страна на градоначалникот, општинската администрација и сите присутни. “Чест ми е што денеска ја посетувам општина Струга, предводена од г-дин. Мерко со кого долго време се познаваме и истовремено ми е задоволство , бидејќи Струга е посебен град , и бидејќи Струга претставува точка за интеграција или мост за сите Албанци каде и да се . Но Струга е и повеќе од тоа, Струга е град со извонредна патриотска традиција, град на многу важни фигури кои играле голема улога во независноста на Албанија и историјата на сите Албанци” – рече Мета.
Меѓу другото, претседателот Мета изрази оптимизам во врска со преговорите со ЕУ, спорот за името и политичката ситуација во Македонија.
Тој исто така истакна дека денешната средба нема да биде последна и дека соработката со градоначалникот ќе продолжи и во иднина со цел Струга да стане пример за регионална соработка не само со Албанија, туку и со целиот регион, бидејќи ги има сите ресурси, капацитети и дека Струга е БРЕНД и дека тоа треба да искористи за доброто на Струга и нејзините граѓани.