vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Вчера во просториите на општина Струга се одржа средба во која учествуваа шефот на кабинетот на општина Струга г. Дашмир Насуфи , командирот на полициската станица г. Валон Хани, г.Шпендим Илјази од Државниот пазарен инспектиорат како и општинските инспектори.
Целта на состанокот беше меѓусебната соработка на многу институции кои се тангирани со истите проблеми и подготовка за туристичката сезона.Координацијата, комуникацијата и соработката со други институции сеприоритет за решавање на проблемите како што се патниот сообраќај, физички лица кои даваат простории/соби без дозвола, питачи , гласната музика, злоупотреба на јавните паркинзи, мобилните продавачи на овошје и зеленчук и други.
Хани истакна неколку пати дека полицијата не може да ги презема сите овие мерки без никаква помош, но со соработката на Општина Струга и пазарен инспекторат, за побезбедна и подобра Струга. Тој исто така изрази незадоволство поради тоа што најголем дел од институциите воопшто не известуваат во полициската станица за настаните и активностите во градот, па тој побара да бидат известени најмалку два дена пред настанот или активноста.
Дашмир Насуфи им се заблагодари за нивната соработка и предложи дека ваквите средби да се почести за да ваквата соработката да придонесе позитивни резултати. Г.Насуфи го заврши состанокот нагласувајќи дека жалби и проблеми секогаш ќе има, но ние ќе работиме за подобра Струга и задоволни граѓани.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).