Градоначалникот на општина Струга, г. Рамис Мерко им честита на Rakometen Klub Struga – R.K.Struga за квалификувањето во Суперлига.
Со победа од 32-24, РК Струга обезбеди место во елитното ракометно друштво за наредната натпреварувачка сезона, кој после долга пауза од 15 години се враќа во Суперлига.
Во оваа прилика, градоначалникот Мерко им честита за постигнатиот успех истакнувајќи дека општина Струга се чувствува почестена со успехот на овој клуб и додаде дека и во иднина ќе продолжи да го поддржува не само овој клуб, туку и други клубови за да успеат во различни спортски дисциплини.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга