vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Почитувани граѓани,

Врз основа на член 47 став 1 од Законот угостителска дејност (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2004, 89/2008, 115/2010, 53/2011, 141/2012, 164/2013, 187/2013, 166/2014, 199/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 71/2016), за давање на угостителски услуги – сместување на туристи, од  физички лица треба да се исполнат минимално техничките услови и условите за категоризација.
Категоризацијата на овие објекти се врши од страна на Комисијата за категоризација.
Поради ова, Ве известуваме дека треба да доставите БАРАЊЕ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА до општинската администрација на Општина Струга. После доставувањето на барањето од Ваша страна, комисијата за категоризација излегува на увид,  изготвува записник и врз основа на податоците  донесува решение за категоризација.
Важноста на решението за категоризација трае 3 (три) години, а по истекот на рокот на важење треба да се достави ново барање за категоризација.
Ве молиме во најкраток рок да се пријавите во шалтерот на општинската администрација за да пополните барање за категоризација, или да го преземете образецот по електронски пат, да го пополните и да го доставите на шалтер на општината.
За пополнувањето на барањата важи работното време на општинската администрација секој ден од 08:00 до 16:00 часот.
Надевајќи се на позитивна соработка, однапред Ви благодариме.

Преземете Образец за категоризација

Со почит.
Општина Струга

 

НАПОМЕНА: Прекршочните одредби (глобите) според  овој закон се високи. Почитувај го законот!

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).