vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес, градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко заедно со архитектите на општина Струга одржаа состанок со академскиот/наставниот кадар на факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Целта на средбата беше запознавање на академскиот кадар со урбанистичките проблеми во градот  на Струга, бидејќи оваа година  ја избрале Струга како локација за  пројект за семестрална задача.

Градоначалникот Мерко ги информираше за актуелните проблеми со кои се соочува општина Струга во областа на  урбанизмот и административни пречки на централните институции, кои го попречуваат правилниот развој на градот.  Градоначалникот рече дека е отворен за нови идеи и предлози од квалификувани лица од областа на архитектурата и просторно планирање кои ќе придонесат за развојот на градот на Струга како туристички град, а исто така е подготвен да им помогне на учениците и младите аркитекти во  нивните креативни иницијативи за доброто на градот.

Претставници од  Универзитетот Американ Колеџ изразија дека се фасцинирани од географскиот опсег и потенцијал на градот за понатамошен развој, и дека се оптимисти дека ќе има квалитетни проекти од страна н на студентите. Околу 80 студенти на архитектонскиот факултет во текот на семестарот ќе работат во различни локации низ градот  за нивните семестрални задачи. Тие ќе работат идејни проекти за јавни објекти како што се градинките, основните училишта, спортски објекти , паркови и јавни простори, како и план предлог за развојот на урбанизмот во градот на Струга.

Ваквите состаноци ќе продолжат  и ќе се финализираат со изложба на проектите  на студентите , на кои студентите ќе работат во текот на учебната година под менторство на професионални лица од таа област така штона крај најкреативни идеи  ќе можат да се користат  за подобрување на инфраструктурата и урбанизмот во градот на Струга.

Канцеларија за јавни односи
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).