vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес, во просториите на Хотел Дрим, Градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко се сретна со претставници на Меридионал Груп од Италија.

На состанокот присуствуваше заменик министерот за здравство, г. Асим Муса, директорот на Општата болница во Струга г. Реџеп Даути, Лулзим Насуфи аркитект, како и други преставници од Општина Струга. Средбата беше од информативен карактер, се споделуваа идеи и мислења како и искуства од предтходните план проекти што Меридионал Груп ги има реализирано во Италија.

На средбата Градоначалникот изјави дека на градот на Струга и недостасува болница која ќе ги исполнува сите потребни услови , и дека ваквата соработка, односно изградба на нова болница би била повеќе од добродојдена за градот Струга.

“Владата и Министерството за здравство работат на тоа да обезбедат грантови од Светска банка и европски фондови, од кои добиените средства ќе бидат наменети за изградбата на болницата во Струга. Министерството формираше група составена од неколку членови кои наскоро ќе го реализираат првиот состанок и ќе соберат општи податоци за тековните единици и потребата од нивно дополнување “, рече заменик-министерот за здравство, г. Асим Муса.

Средбата заврши со тоа што групата експерти изразија подготвеност да соработуваат и ги поканија сите присутни да ги посетат во Италија каде ќе имат можност да се запознаат одблиску со нивната работа и да се уверат во нивната професионалост.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).