Утрово, градоначалникот на Општина Струга заедно со заменик министерот за здраство г. Асим Муса го посети Детското одделение во Општата болница во Струга, каде што ги посети и ги награди мајките на првите три новороденчиња родени после полноќ. Трите новороденчиња се машки и се во одлична здраствена состојба. Градоначалникот Мерко им честита на мајките на трите новореднчиња и им посака многу здравје и долг живот на децата.