Не им беше доволно што уништија се останато , па ја уништија и природата и планините со изградби на каменоделници, и затоа денес стигнавме до оваа алармантна состојба.
7 од 8 каменоделниците се изградени со дозвола на поранешната власт во текот на нивниот 4 годишен мандат.
Одговорноста треба да се бара кај тие што дадода согласност и дозвола за да денес сме во оваа состојба.
Општина Струга ќе ги спроведе сите можни законски постапки и процедури почитувајќи ги правата на жителите на село Лабуништа за чиста околина, и на одговорните ќе им се бара одговорност за нивните постапки.
Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга