vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес во просториите на Општина Струга градоначалникот Мерко го пречека амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние. На средбата беа присутни шефот на кабинетот Дашмир Насуфи, директорот на ЈП “Проаква” Јетон Шаќири , советникот Инает Дани и други преставници од општинската администрација.
Амбасадорот Тимоние зборуваше многу за убавиот впечаток што го имаше добиено од убавините на Струга и му честиташе на градоначалникот за неговато гостопримство и досегашното работење.
Меѓу другото на состанокот се дисктурише и за бројните шпекулации за горење на трската, узурпација на плажите и бесправните градби кои ги имаше во последно време по медиумите и порталите . Градоначалникот Мерко уште еднаш се изјасни дека во Струга не постојат бесправни градби на брегот на Охридското Езеро и дека никогаш нема да дозволи да постојат.
Амбасадорот Тимоние рече дека беше убеден во работата на градоначалникот Мерко и дека се надева дека во иднина ќе соработуваат во областа на туризмот и образованието, бидејќи двете страни изразија заеднички интереси.
Во однос на областа на образованието амбасадорот изјави дека веќе соработуваат со Општина Охрид и со Општина Битола и дека не смеат да бидат неправдени кон Струга кога станува збор за соработки .
“Вие сте најубедливиот градоначалник што некогаш сум го сретнал” рече Тимотие додека му честиташе на градоначалникот за неговите постигнувања и се изјасни дека неговата изјава беше погрешно толкувана и изманипулирана од страна на медиумите.
“Ние сме со Струга” продолжи амбасадорот Тимоние и рече дека многу наскоро ќе ја посети Струга и градоначалникот Мерко.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).