Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Гадоначалникот на општина Струга, на 05.28.2019, година, донесе:
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa
1. Зa Планска програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 4 дел од Блок 15, Општина Струга, кој се носи согласно Законот за просторно планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Струга на www.struga.gov.mk.
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 4 дел од Блок 15, Општина Струга,, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот опфат е предвиден со Генералниот Урбанистички План (ГУП) на општина Струга во населено место.
4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко