vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 2-б од Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска силаза примена на Законот за локалната самоуправа за време на водредна состојба („Сл. Весник на РСМ„ бр. 95/20), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување 45 (четириесет и пета) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 45 (четириесет и петата) седница на Советот на Општина Струга, за 30.09.2020 год. (Вторник) со почеток во 10,оо часот, По пат на комуникациски врски: со употрeба на комуникациски средства (телефон со употрба на интернет комуникација и софтверски алатки )

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

–Записник од 44 -тата седница на Советот на општина Струга,

  1. Предлог-Статутарна Одлука за измена и дополнување на Статyот на општина Струга.
  2. Предлог – Деловник за работа на Партиципативното тело од областа на урбанизмот
  3. Годишен план за вработување на Општина Струга за 2021 година,
  4. Годишен план за вработување на ЈП „Водовод и Канализација„ – Струга за 2021 година,
  5. Годишен план за вработување на ЈП „ЕКО – Струга„ – Струга за 2021 година,
  6. Годишен план за вработување во ООУ „ Браќа Миладиновци„ – Струга, за 2021 година,
  7. Годишен план за вработување во ООУ „ Гоце Делчев„ – с. Јабланица, за 2021 година,
  8. Годишен план за вработување во ООУ „ Гоце Делчев„ – с. Подгорци, за 2021 година,
  9. Годишен план за вработување во ООУ „ Јосип Броз Тито„ – Струга, за 2021 година,
  10. Годишен план за вработување во ООУ „ Мурат Лабуништи„ – с. Лабуништа, за 2021година,
  11. Годишен план за вработување во ООУ „ Нури Мазари„ – с. Делогожда, за 2021 година,
  12. Годишен план за вработување во ООУ „ Орхан Џемаили„ – с. Г. Татеши, за 2021 година,
  13. Годишен план за вработување во ООУ „ Св. Климент Охридски„ – с. Драслајца, за 2021 година,
  14. Годишен план за вработување во ООУ „ Зини Хани„ – с. Велешта, за 2021 година,
  15. Годишен план за вработување во ООУ „ Ашим Агуши„ – с. Радоришта, за 2021 година,
  16. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во СОУ „Нико Нестор„ – Струга за учебната 2020/2021.
  17. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во СОУ „Др. Ибрахим Темо„ – Струга за учебната 2020/2021.
  18. Акциони планови за учебната 2020/2021 и Развоен план за училиштето 2020-2024 за СОУ „Др. Ибрахим Темо„ – Струга.
  19. Годишен план за вработување во ЈПК „ Хигиена„ – с. Лабуништа, за 2021 година,
  20. Квартален Извештај на ЈП „Комунално„ – Стурга I квартал 2021.
  21. Барање од Исламска Верска Заедница – Муфтиство – с. Лабуништа,
  22. Финансиски барање поднесено од лицето Аритон Исмаили,
  23. Решение за поставување командири на единиците за заштитаи спасување на подрачјето на општина.
  24. Одлука за Општите акти, што се донесени за плански опфати на урбанистички планови што престанале да се применуваат со влегување во сила на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 163/13).
  25. Заклучок за настава со физичко присуство од IV-IX одделение во основните училишта .
  26. Заклучок за настава со физичко присуство за средно училиште.

Материали од 45-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).