vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 2-б од Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за локалната самоуправа за време на водредна состојба („Сл. Весник на РСМ„ бр. 95/20), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување 46 (четириесет и шестта ) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 46 (четириесет и шесттата ) седница на Советот на Општина Струга, за 29.10.2020 год. (Четврток) со почеток во 10 ,оо часот, По пат на комуникациски врски: со употрeба на комуникациски средства (телефон со употрба на интернет комуникација и софтверски алатки )
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

-Записник од 45 -тата седница на Советот на општина Струга,

  1. Предлог-Програма за зимско одржување на локални патишта и улици на општина Струга за 2019/2020 година,
  2. Предлог-Програма за пречек на новата 2021 година,
  3. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Струга за 2020 година,
  4. Предлог-Програма за изградба на спортска сала до 1500 м2 во с. Велешта,
  5. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга , трет квартал/2020 година,
  6. Квартален извештај на ЈП „Водовод и Канализација„- Струга, II квартал 2020 година,
  7. Квартален извештај на ЈП „Октиси„- Октиси , трет квартал/2020 година,
  8. Квартален извештај на ЈП „Водовод Делогожда„-Делогожда, прв, втор ив трет квартал/2020 година.
  9. Кваратален извештај на ЈКП „Хигиена„- Лабуништа , трет квартал/2020 година,
  10. Годишен извештај за работата на ЈОУГД 8-ми Март-Струга за учебната 2019/2020.
  11. Одлука за усвојување на Годишната Програма за работа на ЈОУГД 8-ми Март-Струга, за учебната 2020/2021.
  12. Одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП ,,Водовод и Канализација ‘’- Струга.
  13. Одлука за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпатни води на ЈП ,,Водовод и Канализација ‘’- Струга.
  14. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за комунален ред и мерки на нејзино спроведување на подрачјето на општина Струга.

Материали од 46-тата седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).