vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

за свикување 9 (деветта) седница на

Советот на општина Струга

Ја свикувам 9 (деветтата) седница на Советот на Општина Струга, за 14.04.2022 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од седма седница на Советот на општина Струга.

– Записник од осма седница на Советот на општина Струга.

  1. Извештај за состојбата во областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и безбедност во патниот сообраќај на подрачјето на ПС од општа надлежност – Струга за 2021 година,
  2. Извештај за работата на ТППЕ Струга за 2021 година,
  3. Извештај за работата на Секторот за правни прашања и општи работи за 2021 година,
  4. Извештај за реализација на Програмата на Одделението за месни заедници за 2021 година,
  5. Извештај за програмите во Секторот за јавни дејности за 2021 година,
  6. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на спортот и младите во 2021 година,
  7. Извештај за реализација на Програмата за одбележување на значајни настани и личности од нашето културно минато за 2021 година,
  8. Извештај за реализација на Програмата за подршка и финансирање на НВО Општина Струга во 2021 година,
  9. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на социјалната заштита за потребите на граѓаните на Општина Струга за 2021 година,
  10. Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на општина Струга за 2021 година,
  11. Извештај за реализација на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во 2021 година,
  12. Извештај од Одделение за локален економски развој за 2021,
  13. Извештај за работата на Одделението за меѓународна соработка и Европски фондови на Општина Струга за 2021 година,
  14. Извештај за реализација на Програмата за сообраќајна сигнализација на општина Струга за 2021 година,
  15. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта во општина Струга за 2021 година,
  16. Извештај за реализција на Програмата за активностите на Општина Струга од областа на заштитата на животната средина и природата за 2021 година,
  17. Годишен извештај за работа на Секторот за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Струга, 01.01.2021-31.12.2021 година,
  18. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2021 година,
  19. Квартален Извештај на ЈП „Комунално“ – Струга, квартал IV од 2021 година,
  20. Одлука за утврдување на цените и услугите што ги врши ЈП „Комунално“ – Струга,
  21. Годишен извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, 01.01.2021 до 31.12.2021 година,
  22. Годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување  за 01-2021 до 12–2021 година на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга,
  23. Годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – одведување на отпадни води за 01.01.2021-31.12.2021 година на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга,
  24. Годишна сметка за 2021 година на ЈП „Еко Струга“ – Струга,
  25. Годишна сметка за 2021 година на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  26. Полугодишен извештај за работа на Основното општинско музичко училиште – Струга за учебната 2021/2022 година,
  27. Извештај за реализација на воспитно образовната дејност во прво полугодие од учебната 2021/2022 година на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга,
  28. Полугодишен извештај за учебната 2021/2022 година на ООУ „Единство“ – с.Октиси,
  29. Годишна сметка за 2021 година на ООУ „Единство“ – с.Октиси,
  30. Предлог – Одлука за пренесување на правото на сопственост на движна ствар-сопственост на Општина Струга на  ЈП „Комунално“ – Струга,
  31. Предлог – Одлука за пренесување на правото на сопственост на движна ствар-сопственост на Општина Струга на  ЈП „Еко Струга“ – Струга,
  32. Предлог – Одлука за утврдување на висината на надоместокот за добивање на лиценца за вршење на угостителска дејност,
  33. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Струга за 2022 година,
  34. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план Урбана единица 3, Блок 11, дел 5, 6 и 7, Општина Струга,
  35. Прифатена иницијатива за изработка на Детален урбанистички план УЕ 2, дел од блок 9, опфат помеѓу улиците: ул.„Маршал Тито“, Пешачка патека, ул.„Јабланица“ и ул.„Елпида Караманди“, Општина Струга,
  36. Прифатена иницијатива за изработка на Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од блок 15, опфат 3, Општина Струга,
  37. Прифатена иницијатива за изработка на Урбанистички проект со план за парцелизација за КП бр.2002/1 КО Струга,
  38. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно иградениот објект на КП бр.2839/2, КО Струга,
  39. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно иградениот објект на КП бр.2500/4, КО Велешта-вон.гр.,
  40. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно иградениот објект на КП бр.376/1, КО Драслајца,
  41. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Ајредин Абдулаи од с.Мислодежда,
  42. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Аднан Ахмеди од с.Делогожда,
  43. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Елзана Бајрамоска од с.Лабуништа,
  44. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Нурија Кајриманоска од с.Октиси,
  45. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Марина Барлакоска од Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 9-та седница

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).