vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Се известуваат сите физички и правни лица што поставиле урбана опрема без Oдобрение издадено од Општина Струга, ВЕДНАШ да ги отстранат истите и просторот да го доведат во првобитна состојба.
На сите лица што нема да постапат во согласност со ова Известување, ќе им биде изречена парична Глоба врз основа на член 161-б од Законот за градење, и тоа:
(1) Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице доколку постави урбана опрема – рекламни и информативни паноа , како и рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти, без одобрение за поставување на
урбана опрема односно без решение за поставување, додека Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.
(2) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице доколку постави урбана опрема – рекламни и информативни паноа, како и рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти, без одобрение за поставување на урбана опрема односно без решение за поставување.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).