vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување на 43 (четириесет и трета) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 43 (четириесет и трета) седница на Советот на Општина Струга, за 25.12.2024 година (среда) со почеток во 09:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Програмата за работа на ЈП „Комунално“ Струга за 2025 година.
  2. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Програмата за работа на ЈКП „Хигиена“-Лабуништа за 2025 година.
  3. Решение за запирање на објавување на пропис донесен од Советот на Општина Струга.
  4. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Струга за 2025 година.
  5. Предлог – Буџет на Општина Струга за 2025 година.
  6. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Струга за 2025 година.
  7. Предлог – Одлука за благајнички максимум за 2025 година на сметката на општина Струга.
  8. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотација за основно образование за 2025 година.
  9. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотација за средно образование за 2025 година

Материали од 43 седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).