vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 48 (четириесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 48 (четириесет и осма) седница на Советот на Општина Струга, за 12.05.2025 година (понеделник) со почеток во 10:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од четириесет и петта седница на Советот на Општина Струга.
  • Записник од четириесет и шеста седница на Советот на Општина Струга.
  • Записник од четврта вонредна седница на Советот на Општина Струга.
  • Записник од четириесет и седма седница на Советот на Општина Струга.
  • Записник од петта вонредна седница на Советот на Општина Струга.
  1. Советнички прашања.
  2. Решение за запирање на објавување на пропис донесен од Советот на Општина Струга.
  3. Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за прв квартал од 2025 година на Општина Струга.
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука за усвојување на Финансиски извештај (прв квартал) на ЈП Еко Струга-Струга за 2025 година.
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на измена и дополнување на годишниот план за вработување во ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2025 година.
  6. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука за донесување на Одлука за измена и дополнување на статут на ЈП Еко Струга-Струга.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Единство“ – с.Октиси за 2026 година.
  8. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2026 година.
  9. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – Јабланица за 2026 година.
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга за 2026 година.
  11. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за 2026 година.
  12. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши за 2026 година.
  13. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Ашим Агуши“ – Радолишта за 2026 година.
  14. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Зини Хани“ – Велешта за 2026 година.
  15. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишниот план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“-с.Подгорци за 2025 година.
  16. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во СОУ „Др. Ибрахим Темо“ – Струга за 2026 година.
  17. Предлог – Решение за именување на членови на училишен одбор на СОУ „Нико Нестор“-Струга.
  18. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за cпроведени активности на Општина Струга во 2024 година од областa на млади.
  19. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај на Програма за еднакви можности за 2024 година.
  20. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за туризам 2024 година.
  21. Предлог – Правилник за субвенционирање на такса за привремен престој (туристичка такса) на физички лица даватели на услуги за сместување туристи на територијата на Општина Струга за 2024 година.
  22. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за работата на одделението за локален економски развој на Општина Струга за 2024 година.
  23. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи за 2024 година.
  24. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за реализација на Програмата на Оделението за месни заедници за 2024 година.
  25. Предлог – Програма за работа на Одделението за соработка со месни заедници и заштита и спасување за 2025 година.
  26. Програма за работата на територијалната противпожарна единица при општината во Струга за 2025 година.
  27. Предлог – Одлука за донесување на Предлог за техничка исправка за градежна парцела ГП 19 формирана во ДУП за УЕ 3, блок 8 во К.О.Струга општина Струга (одлука бр 07-804/9 од 29.12.1999) изработен од ТД НЈУ ВИЖЕН ДОО Охрид со технички број 09/2025 од Март 2025.
  28. Предлог – Решение за измена и дополнување на Решението за именување на членови на Просторниот Штаб за заштита и спасување на Општина Струга и извршители за административно-технички и оперативни работи бр.08-641/15 од 24.02.2022 година.
  29. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства на Културно уметничко здружение ВАЛЦ – Струга.
  30. Одлука за доделување на финансиска помош за Трговски центар Безистен.
  31. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Менсур Асани.
  32. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Крсте Спироски.
  33. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Лулзиме Тела Емрула.
  34. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Незир Незири.
  35. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Ндериме Дани.

Материали од 48 седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).