Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 49 (четириесет и деветта) седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 49 (четириесет и деветта) седница на Советот на Општина Струга, за 03.06.2025 година (вторник) со почеток во 10:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Струга за 2025 година.
- Одлука за давање согласност на Одлука за усвојување на финансискиот извештај во ЈП „Комунално“ Струга за период од 01.01 до 31.03.2025 година-прв квартал.
- Одлука за давање согласност на Одлука за усвојување на финансискиот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за период 01.01.2025-31.03.2025 година.
- Одлука за давање согласност на одлука за утврдување на плата и надоместоци од плата.
- Одлука за давање согласност на Одлука за усвојување на новата методологија за пресметување на плата на вработените во ЈП „Водовод и канализација“-Струга.
- Годишна сметка за работењето на Центарот за развој на Југозападен плански регион во 2024 година.
- Годишна сметка на Центарот за развој на Југозападен плански регион за проект „Подготовка на техничка документација за приоритетни инфраструктурнио проекти“ во 2024 година.
- Годишна сметка на Центарот за развој на Југозападен плански регион за проект „Одлржлив и инклузивен рамномерен регинален развој-фаза II“ во 2024 година.
- Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2024 година.
- Извештај за активностите во областа на образованието на општина Струга за 2024 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на социјалната заштита за потребите на граѓаните на Општина Струга за 2024 година.
- Извештај за реализација на Програмата за подршка и финансирање на НВО Општина Струга во 2024 година.
- Барање за донесување на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр.1722/1, КО Струга.
- Одлука за продолжување на работното време за угостителските објекти.
- Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Науме Колоски.
- Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Арди Рамани.
- Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Јасмина Котевска.
- Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Зулфије Едхеми.
- Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Минир Јусуфи.
- Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Албулена Ала.
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши
