Врз основа нa член 30, став (1) алинеја (2) став (3) и став (5) и член 48 став (4) од Законот за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 05/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 и бр.14/20, бр.215/2021 и 99/2022,208/24), како и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во Зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник нa Република Македонија“ 6p.11/2015, бр.35/2018 и бр.303/2020, 259/2024), во согласност со Правилникот за систематизација на работните места во Ј.П. Еко Струга – Струга бр 01-35/1 од 25.01.2021, бр. 01-17/1 од 04.01.2022г., 01-87/1 од 15.02.2023г., бр.01-99/1 од 27.02.2025 и врз основа на Годишен план за вработување за 2025 година бр.01-256/1 од 05.08.2024г. и Измена на годишен план бр. 01-214/4 од 25.04.2025г. и позитивно мислење од Министерство за јавна администрација со бр.09-2185/4 од 23.06.2025, Ј.П. Еко Струга – Струга објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2025
за унапредување на административни службеници во
Ј.П.Еко Струга – Струга
Ј.П.Еко Струга – Струга објавува интерен оглас за унапредување на 4 (четири) административни службеници за следните работни места:
1. КДР0102В02019 co шифра на работно место Виш Соработник за правни работи и работни односи во Сектор за Административни работи, Одделение за општи правни работи и човечки ресурси – 3 (три) извршители
Општи услови
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
-да има општа здравствена состојба за способност на работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
– Општествени науки / Право
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
– најмалку две (2) години работно искуство во струката,
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици нa Европската Унија (англиски, француски, германски),
Потреби општи работни комепетенции на средно ниво:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
– финансиско управување.
Распоред на работно време:
– работни часови во неделата: 40,
-работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
-Паричниот износ на основната нето плата 36 068 денари.
2. КДР0102В02017 со шифра на работно место Виш соработник за односи со граѓани во Сектор за Административни работи, Одделение за општи, правни работи и човечки ресурси – 1 (еден) извршител
Општи услови
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
-да има општа здравствена способна работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
-Општествени науки/право, економија и бизнис,
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
– најмалку 2 (две) години работно искуство во струката,
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици нa Европската Унија (англиски, француски, германски),
Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
– финансиско управување.
Распоред на работно време:
– работни часови во неделата: 40,
– работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
– Паричниот износ на основната нето плата 36 068 денари.
Заинтересираните административни службеници за унапредување треба да ги исполнуваат општите услови и посебните услови утврдени co Правилникот за систематизација на работните места во Ј.П. Еко Струга – Струга, како и:
– да е оценет со оцена “A” или “Б“ при последно оценување,
-дa е на работно место на непосредно пониско -ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на исто ниво и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавуваањето на интерниот оглас .
Право на учество имаат сите административни службеници вработени во Ј.П. Еко Струга – Струга кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите кон пријавата можат да ги приложат следниве докази:
–потврди за успешно реализирани обуки и/или,
-потврди за успешно реализирано менторство.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се достави преку архивата на Ј.П. Еко Струга – Струга до Одделение за општи правни работи и човечки ресурси на адреса Ј.П. Еко Струга – Струга, ул. Кеј 8ми Ноември, Фати Трејд зграда1, вл.Б1, бр.28 Струга како и до службената електронска адреса: ekostruga22@gmail.com
Не навремена, нецелосна и неуредна пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Агенција за Администрација.
HAПOMEHA: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од натамошна постапка.
N.P Eko Struga – Strugë
Drejtor
Gordana Gjorgjioska Kitanoska
