Врз основа на член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Сл.весник на Р.М,, бр.78/2015, 106/15, 153/15, 90/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), и Одлуката за времено давање во Закуп на недвижна ствар-деловни простории од објект во с.Мислодежда, сопственост на општина Струга бр.08-4877/37 од 16.12.2024 година донесена од Советот на Општина Струга (“Службен гласник на Општина Струга“ бр. 02/18, 10/19, 22/19, 11/20, 12/22 и 14/22), Комисијата за спроведување постапка за продажба и давање во закуп на недвижни ствари, продажба на движни ствари и постапка за набавка на недвижни ствари, објавува:
ОБЈАВА бр.01/2025
за времено давање во Закуп на недвижна ствар по пат на електронско јавно наддавање
(прв пат)
1.Предмет на електронското јавно наддавање
Предмет на електронското јавно наддавање е времено давање во Закуп на недвижна ствар – деловни простории и помошна просторија од објект во с.Мислодежда, сопственост на општина Струга, согласно со табеларниот преглед:
| Ред. бр. | КП, КО, ИЛ. Бр. | Објект | Намена на објектот | Повр-шина | Проценета вредност на недвижна ствар | Почетен износ на месечна закупнина 0,5/% | Минимален чекор на наддавање | Банкарска гаранција 2% |
| 1. | КП. бр.1276 КО Мислодежда ИЛ.бр.330 | Згр 1, влез1, приз, број на пос. дел 1, Згр 1, влез2, приз, број на пос. дел 1 Згр 1, влез 2, приз,број на посеб дел 1 | ДП ДП ПП | 55м2 90м2 25м2 | 1.290.911,00 денари | 6.455,00 денари | Без ограничување | 25.818,00 денари |
Цената за недвижната ствар е утврдена согласно Извештај за извршена процена согласно Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижни ствари.
Висината на почетната месечна закупнина изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижната ствар и истата е наведена во табеларниот преглед.
За земјиштето со КП.бр.1276 КО Мислодежда на кое се наоѓа недвижната ствар која е предмет на давање во закуп нема донесено Урбанистичко – планска документација.
2.Рок на поднесување:
Пријавите за учество на Јавното надавање потребно е да се достават во рок од 10 дена од денот на објавување на Објавата, односно почнувајќи од 30.06.2025 година до 09.07.2025 година.
3.Право на учество
Право на учество на електронското јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Заинтересираните лица можат да учествуваат за закуп со поднесување на Пријава за учество
4.Датум и времетраење на јавното наддавање.
Јавното наддавање ќе се изврши на ден 14.07.2025 година (понеделник) со почеток од 10.00 часот и ке трае до 10.30 часот.
Јавното надавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница http: //www. e-stvari.mk
Периодот на издавање на просторијата е за период од 10 (десет) години, со почеток од денот на потпишување на Договорот.
5.Услови за учество на јавно наддавање
За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат Пријава, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во Објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое правно и физичко лице треба претходно да се регистрира на веб страната http://www.e-stvari.mk/ . (Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени електронски јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат, предходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделени заради негово учество во предходните постапки и тоа на ниво на целиот систем – се мисли на учество во постапка која ја спроведувала било која општина.)
За недвижната ствар која е предмет на објавата на јавно наддавање, може да се пријават за учество сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на недвижните ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Доказите кои е потребно да се достават, регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија на оригиналот во PDFформат, и тоа:
-Доказ за банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар;
-Доказ за идентитет:
-лична карта или патна исправа за физички лица
-тековна состојба од Централен регистар на Р.М за домашни правни лица
-извод од регистрација од соодветен регистар за странски правни лица
-Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапка на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени во рок од три дена од доставувањето на понудите, корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, односно пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
Подносителите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање на денот на спроведувањето на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничко име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.
6.Банкарска гаранција за сериозност на понудувачот од 2% од проценетата вредност
Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од вкупната проценета вредност на недвижните ствари, односнонајмалку 25.818,00 денари. Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана копија на оригиналот во PDF формат подносителот на понудата/пријавата за учество е должен до крајниот рок за поднесување на понуди/пријави, банкарската гаранција за сериозност на понудата да ја достави и во писмена форма и во оригинал преку пошта или со лично доставување на адресата: Општина Струга ул. Маршал Тито бб Струга, До Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари. Недоставувањето на банкарска гаранција во писмена оригинална форма на посочената адреса ја прави пријавата/понудата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, одбанка која работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 30 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на понудата/пријавата.
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорот.
Банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе се наплати доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот за закуп со Општина Струга. При наплата на банкарската гаранцијапонудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните ствари.
Секоја пријава што не содржи гаранција за сериозност на понуда или содржи гаранција за сериозност на понудата која не е во согласност со условите од објавата, ќе биде отфрлена и нема да учествува на електронското јавно наддавање.
7.Постапката за електронско јавно наддавање
Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Струга. Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите подносителите на пријавите по електронски пат. Нa подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учеството на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање. Подносителите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање на денот на спроведувањето на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање по што имаат право на учество на јавното наддавање. Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена. Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на закупнината и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на месечната закупнина. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две (2) минути има нова понуда.Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на закупнината се намалува за 2 % по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на закупнината повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.Намалувањето на вредноста на закупнината на предметот на закуп во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање. За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за закупнина. По завршувањето на јавното наддавање се изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој електронски се доставува до сите учесници на електронското јавно наддавање.
Објавата трае 10 дена, вклучувајки го и денот на објавувањето, ке биде објавена во два дневни весника на македонски јазик и еден на албански јазик и на веб страната http://www.e-stvari.mk.
Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три (3) дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот во рок од пет дена од приемот на приговорот.
8.Обврска на најповолниот понудувач
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечна закупнина за предметот на закуп.
По завршувањето на постапката за јавно наддавање, обврска е на најповолниот понудувач да ги уплати средствата во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор и во рок од пет работни денови сметано од истекот на рокот за правна заштита уреден со чл.28 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост се склучува договор за закуп во писмена форма кој се доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. На договорот за закуп соодветно ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи. Нотарските трошоци се обврска на најповолниот понудувач, односно на закупопримачот.
Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата и не го потпише договорот (во определениот рок) со Општина Струга ќе се пристапи кон активирање на банкарската гаранција и нема да може да учествува во секое идно јавно наддавање за предметните ствари во период од една година.
Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во општина Струга на тел.бр.046/785-776.
Бр.13-3270/1
_27.06.2025
Струга
ОПШТИНА СТРУГА
Комисија за спроведување постапка за продажба
и давање во закуп на недвижни ствари, продажба
на движни ствари и постапка за набавка на
недвижни ствари
