Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување Прва (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга
Ја свикувам Првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга, за 14.11.2025 год. (Петок) со почеток во 11:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Избор на Комисија за верификација.
- Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Струга
- Избор на Кандидациона комисија
- Избор на Претседател на Советот на Општина Струга.
- Избор на Комисија за мандатни прашања избори и именувања.
- Предлог – Решение за формирање на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој.
НАПОМЕНА: Избраните членови за Советот на општина Струга од локалните избори 2025 година за конститутивната седница со себе да поднесат:
- Уверение за избран член на советот од општинската изборна комисија:
- Лична карта или патна исправа, заради утврдување на идентитетот.
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседавач,
Арбереша Влаши

