за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот
1. Предмет на поддршка:
Субвенционирање на физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот.
2. Право на учество:
Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, а се занимаваат со водење туристички групи на планински предели, со кое се промовира планинскиот туризам во сите негови форми (пешачење, планинарење, алпинизам, спортско качување, планински велосипедизам, скијање и сноубординг, јавање, еко-тури, авантуристички активности, спелеологија, културен и етно-туризам, како и фотографски туризам).
3. Намена на средствата:
Со цел промоција на Општина Струга како туристичка дестинација, со посебен акцент на развој и промоција на планинскиот и руралниот туризам во сите негови форми, а особено заради поддршка на сите физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои како дејност организираат и водат туристички групи на планина, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.
4. Износ на средства за субвенционирање:
Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица, НВО и здруженија изнесува 300.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање.
5. Начин на аплицирање:
Физичките лица, НВО, здруженијата и другите субјекти, наведени погоре во текстот, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.
6. Потребни документи за аплицирање:
– Барање,
– Копија од лична карта за физички лица,
– Трансакциска сметка за физичките лица,
– Лиценца/цертификат за водење групи на планина,
– Акт за регистрација/основачки акт (за невладини организации и здруженија),
– Статут или друг документ со кој се докажува дејноста поврзана со планински/рурален туризам и авантуризам,
– Потврда или референции за претходни активности/реализирани проекти во областа на планински туризам,
– Друга документација.
7. Краен рок за аплицирање:
Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 10 декември 2025 година, од 08:00 до 16:00 часот.
НАПОМЕНА:
Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.
За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за Туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.
Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања.
Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

