Почитувани,
Општина Струга, организира отворен буџетски форум за граѓаните, на кој ќе се разговара за приоритетите и предлозите за општинскиот буџет за 2026 година. Форумот ќе се одржи среда, 17 декември, во 11:00 часот во просториите на Општина Струга.
Оваа иницијатива има за цел да ги вклучи граѓаните во процесот на креирање на општинските политики и да овозможи директно учество во дефинирањето на проектите и активностите кои ќе бидат финансирани од општинскиот буџет кој ќе ги задоволува потребите и желбите на граѓаните за 2026 година.
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

