Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи „Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24),член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа „Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и согласно Правилникот за систематизација на работните места на општинската админитрација на општина Струга, бр.09-3840/1 од 05.10.2016 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2026
за вработување на помошно-техничко лице на неопределено и со полно работно време
- УПР0403А01001 Шеф на возен парк – Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи – 1 (еден) извршители
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Стручни квалификации средно образование со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/М КСОО;
- Средно образование – гимназиска или економска или техничка струка
- работно искуство од 3 година во јавен сектор или 3 година во приватен сектор;.
- Возачка дозвола од Б категорија
Распоред на работно време:
- Работни денови Понеделник-Петок,
- Работни часови неделно 40,
- Работно време 08:00 – 16:00
Паричен нето износ на плата: 37.476,00 денари.
- Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 3 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат рачунајќи го денот на објавувањето.
Изборот на кандидатите ќе се изврши согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Струга ,ул ,,Партизанска ,, бб. Струга. Пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Струга да се достават до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за Јавен Оглас 01/2026 како и на електронска адреса ocr@struga.gov.mk
Некомплетните документи и доставени после рокот нема да бидат предмет на разгледување.
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура
