Согласно член 50 став 1 точка 14 од Законот за Локалната Самоуправа („Сл. Весник на РМ„ бр.5/02 и бр.202/24 ) а Врз основа на член 22, член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 74/25 и 124/25) Градоначалникот на Општина Струга донесе
О Д Л У К А
за избор на кандидат по јавен оглас број 01/2026 за вработување на помошно-техничко лице на неопределено и со полно работно време
- УПР0403А01001 Шеф на возен парк – Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи – 1 (eден) извршит
Мухарем Шеху
- Именуваниот кандидат ќе биде вработен на работното место од точка 1 по конечноста на оваа одлука за што ќе се донесе посебно решение за вработување.
- Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување.
Образложение
На ден 03.02.2026 година, Агенцијата за Вработување – Струга објави Јавен оглас број 01/2026 во дневните весници , “Слободен печат“ и “Коха“, за вработување на 1 (еден) извршител на неопределено време на работно место Шеф на возен парк – Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи Со решение број 04-668/7 од 06.02.2026 година, од страна на Градоначалникот на Општина Струга, формирана е Комисија за селекција за вработување по Јавен оглас, која ја спроведе постапката за селекција за вработување на работниците согласно Законот за работен однос
По спроведената постапка, Комисијата изготви Записник од извршената а селекција за работници, број 04-668/8 од 12.02.202 година, како и Записник од спроведена интервју за работниците, број 04-668/9 од 13.02.2026 година.
Врз основа на резултатите од сите фази на селекција изготвена е конечна ранг листа на кандидати и предлог за вработување по оглас број 01 /2026 и истите се доставени до Градоначалникот на Општина Струга со допис број 04- 668/10 од 13.02.2026 година.
Согласно Предлогот за вработување на кандидати по Јавен оглас број 01/2026, број 04-668/10 од 13.02.2026 година, Градоначалникот на општина Струга, донесе одлука како во диспозитивот.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поднесе приговор до Градоначалникoт во рок од 8 дена од денот на приемот на Решението.
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

