vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување 7 (седма)

седница на Советот на општина Струга

            Ја свикувам 7 (седма) седница на Советот на Општина Струга, за 16.06.2026 год. (вторник) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

            Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Записник од 3-та вонредна седница на Советот на општина Струга

  1. Годишен план за вработување за 2027 година во СОУ „Др. Ибрахим Темо“ Струга.
  2. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Ашим Агуши“ с.Радолишта.
  3. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.
  4. Предлог – Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на Општинско основно училиште „Јосип Броз Тито“ – Струга.
  5. Предлог – Одлука за разрешување на член на Училишен одбор во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
  6. Предлог – Решение за именување на член на Училишен одбор во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
  7. Предлог – Решение за именувањето на член на училишен одбор на ООУ “Ашим Агуши“- с. Радолишта.
  8. Предлог – Одлука за усвојување на годишен Општински Енергетски План на Општина Струга за 2027 година.
  9. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Славка Голабоска.
  10. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Сaшо Мечкароски.
  11. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Бујар Османоски.
  12. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Мирослав Спироски.
  13. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Весна Јовческа.
  14. Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за оправданоста на доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство „Контрола и управување на проблемот со кучиња скитници“.
  15. Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство.
  16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП.бр.2857 КО Лабуништа – вонград по барање на лицето Кујтим Ќазими од с.Лабуништа – Струга.
  17. Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање.
Материали од 7-та седница
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).