vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Општина Струга и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) со задоволство Ве покануваат на втората форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ која ќе се одржи на 16 октомври (среда) со почеток во 10.30 часот во х. Дрим – Струга.

Целта на втората форумска сесија е подетално да се претстават дел од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот, кои беа дискутирани на претходната форумска сесија, а за кои граѓаните ќе направат приоретизација. На сесијата ќе се дискутираат и критериумите кои треба да се земат предвид при селекција на мерките. За потсетување, фондот кој е на располагање за спроведување на мерките изнесува околу 340.000 американски долари. Општината ќе кофинансира половина од средствата за оваа намена.

Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење за успешна реализација на форумскиот процес.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).