vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи „Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24),член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа „Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и согласно Правилникот за систематизација на работните места на општинската админитрација на општина Струга, бр.09-3840/1 од 05.10.2016 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2026
за вработување на помошно-техничко лице на неопределено и со полно работно време

  1. УПР0403А01001 Шеф на возен парк – Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи – 1 (еден) извршители

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • Стручни квалификации средно образование со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/М КСОО;
  • Средно образование – гимназиска или економска или техничка струка
  • работно искуство од 3 година во јавен сектор или 3 година во приватен сектор;.
  • Возачка дозвола од Б категорија

Распоред на работно време:

  • Работни денови Понеделник-Петок,
  • Работни часови неделно 40,
  • Работно време 08:00 – 16:00

Паричен нето износ на плата: 37.476,00 денари.

  • Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 3 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат рачунајќи го денот на објавувањето.
    Изборот на кандидатите ќе се изврши согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
    Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Струга ,ул ,,Партизанска ,, бб. Струга. Пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Струга да се достават до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за Јавен Оглас 01/2026 како и на електронска адреса ocr@struga.gov.mk
    Некомплетните документи и доставени после рокот нема да бидат предмет на разгледување.

Јавен оглас
Пријава

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).