ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2026
за унапредување на административни службеници во Општина Струга
Општина Струга објавува интерен оглас за унапредување на 2 (два) административни службеници за следните работни места:
- УПР0101Б02000 co шифра на работно место Раководител на сектор. во Сектор за финансиски прашања – 1 (еден) извршител
Општи услови
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
- Економски науки
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку oсум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици Ha Европската Унија (англиски, француски, германски),
— потврда за положен испит за административно управување. Потреби општи работни комепетенции на основно ниво: - учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување
Распоред на работно време:
- работни часови во неделата: 40,
-работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот. - Паричниот износ на основната нето плата 55.801,00 денари.
- УПР0101Б04000 co шифра на работно место Раководител на одделение ,одделение за протокол и односи со јавноста, секторот за поддршка на градоначалникот организација на работата на советот и информатичка технологија – 1 (еден) извршител
Општи услови
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
-да има општа здравствена способна работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
-VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според
ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Јавна управа и администрација, Образование или Правни науки
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- најмалку 4 четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици Ha ” Европската Унија (англиски, француски, германски), - потврда за положен испит за административно управување.
Потреби општи работни комепетенции на напредно ниво: - учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување
Распоред на работно време: - работни часови во неделата: 40,
-работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
-Паричниот износ на основната нето плата 46,963,oo денари.
Заинтересираните административни службеници за унапредување треба да ги исполнуваат општите услови и посебните услови утврдени co Правилникот за систематизација на работните места во Општина Струга, како и: - да е оценет со оцена “A” или “Б“ при последно оценување,
-дa е на работно место на непосредно пониско -ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас, - да поминал најмалку две години на исто ниво и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавуваањето на интерниот оглас .
Право на учество имаат сите административни службеници вработени во Општина Струга кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите кон пријавата можат да ги приложат следниве докази:
-потврди за успешно реализирани обуки и/или,
-потврди за успешно реализирано менторство.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето
Пријавата со потребната документација треба да се достави преку архивата на Општина Струга до Одделение за управување со човечки ресурси на адреса Општина Струга, ул. Плоштад Мајка Тереза б.б. Струга како и до службената електронска адреса: ocr@struga.gov.mk
Не навремена, нецелосна и неуредна пријава, нема да биде предмет на разгледување.Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на Општина Струга.
HAПOMEHA: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од натамошна постапка.
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2026
Пријава
| ОПШТИНА СТРУГА Градоначалник, Менди Ќура |
