Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 7 (седма)
седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 7 (седма) седница на Советот на Општина Струга, за 16.06.2026 год. (вторник) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Записник од 3-та вонредна седница на Советот на општина Струга
- Годишен план за вработување за 2027 година во СОУ „Др. Ибрахим Темо“ Струга.
- Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Ашим Агуши“ с.Радолишта.
- Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.
- Предлог – Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на Општинско основно училиште „Јосип Броз Тито“ – Струга.
- Предлог – Одлука за разрешување на член на Училишен одбор во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
- Предлог – Решение за именување на член на Училишен одбор во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
- Предлог – Решение за именувањето на член на училишен одбор на ООУ “Ашим Агуши“- с. Радолишта.
- Предлог – Одлука за усвојување на годишен Општински Енергетски План на Општина Струга за 2027 година.
- Барање за доделување на финансиска помош за лицето Славка Голабоска.
- Барање за доделување на финансиска помош за лицето Сaшо Мечкароски.
- Барање за доделување на финансиска помош за лицето Бујар Османоски.
- Барање за доделување на финансиска помош за лицето Мирослав Спироски.
- Барање за доделување на финансиска помош за лицето Весна Јовческа.
- Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за оправданоста на доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство „Контрола и управување на проблемот со кучиња скитници“.
- Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство.
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП.бр.2857 КО Лабуништа – вонград по барање на лицето Кујтим Ќазими од с.Лабуништа – Струга.
- Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање.
| Материали од 7-та седница СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА Претседател, Мите Стефоски |

