Се известуваат сите граѓани на Општина Струга дека “Спомен чешма на Ослободителите на Струга – Мороишки мост”, врз основа на добиена согласност со бр. 03-24 до датум 31.05.2018 од ОО Сојуз на борци – Струга, ќе се дислоцира на другата страна на патот, односно спротивно од сегашната локација. За дислокација на истата е потребно да се интервенира на темелната стопа на споменикот затоа што е со големи димензии и голема тежина. Истиот споменик, неоштетен и со истите историски вредности ќе се поставува на нова армирано бетонска темелна стопа, во рок од еден месец.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга