Градоначалникот на Општина Струга денес ка го пречека г.Агим Красниќи, Конзул на Генералниот конзулат на Република Косово со седиште во Струга. Целта на средбата беше главно информативна по повод отворањето на Генералниот конзулат на Република Косово во Струга, која ќе ги опфати и други градови на регионот, како Охрид, Ресен, Битола, Прилеп, Крушево, Кичево и Дебар.
Конзулот е наименуван со декрет на Претседателот на Република Косово со што Општина Струга е привилегирана да биде гостопримлива и воедно е отворена за соработување кога станува збор за заеднички национални интереси.
Градоначалникот Мерко изрази подготвеност за соработка и подршка за активностите предвидени од конзулот и неговиот персонал и воедно му посака успех во неговата работа.
Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга