Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 55 (педесет и петта)
седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 55 (педесет и петта) седница на Советот на Општина Струга, за 30.06.2021 год. (Среда) со почеток во 10 ,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Записник од 54-тата седница на Советот на општина Струга.
- Предлог Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари.
- Предлог Одлука до Влада на Република Северна Македонија.
- Предлог Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта за 2022 година.
- Предлог Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за 2022 година.
- Предлог Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за 2022 година.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максимален износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максимален износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга,
- Предлог Одлука за усвојување на Правилникот за составот и начинот на работата на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга.
- Предлог Одлука за доделување финансиска помош (Лиман Хани).
- Предлог Одлука за доделување финансиска помош (Асан Мехмедоски).
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба