Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 58 (педесет и осмата)
седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 58 (педесет и осмата) седница на Советот на Општина Струга, за 12.08.2021 год. (Четврток) со почеток во 09:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Втор Ребаланс на Буџет на општина Струга за 2021 година.
- Извештај за работата на ЈП„Комунално“-Струга, за период од 01.01.2021 до 30.06.2021 година,
- Извештај за работата на ЈП„Водовод и Канализација“-Струга, за период од 01.01.2021 до 30.06.2021 година,
- Извештај за работата на ЈКП„Хигиена“-с.Лабуништа, за период од 01.04.2021 до 30.06.2021 година,
- Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ЈП „Комунално“-Струга, за 2022 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ЈП „Водовод и Канализација“-Струга, за 2022 година.
- Измена и дополнување на Правилник за определување на локации за поставување на урбана опрема,
- Измена и дополнување на Одлука за утврдување и наплата на комунална такса.
- Прифатена иницијатива за изработка на Урбанистички проект со парцелизација за ГП 3.23, 3.24, 3.25, 3.26 и 3.29 во ДУП за УЕ-7, дел од блок 20 1,2,3,4 и дел од блок 21 1,2,3,4,5, Струга
- Предлог Одлука за доделување на финансиска помош Дитмир Сули
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

