vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 5 (петта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 5 (петта) седница на Советот на Општина Струга, за 30.12.2021 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Извештај за работата на ЈП „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда, за временскиот период од 01.07 до 30.09.2021 година, и споредување со постигнатите финансиски резултати со временскиот период 01.04.2020 до 30.06.2021 година.
  2. Програма за 2022 година на ЈП „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда,
  3. Предлог – Одлука за утврдување и наплата на комунална такса,
  4. Предлог – Програма за активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во општина Струга за 2022 година,
  5. Предлог – Програма за изградба на нови траси и реконструкција на јавното осветлување на подрачјето на општина Струга за 2022 година,
  6. Предлог – Програма за работа на ТППЕ Струга за 2022 година,
  7. Предлог –Решение за утврдување престанок на мандат на член на училишен одбор,
  8. Статут на Општински ученички дом „Браќа Миладиновци“ – Струга,
  9. Предлог – Буџет на општина Струга за 2022 година,
  10. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Струга за 2022 година,
  11. Предлог – Одлука за висината на благајничкиот максимум за 2022 година на сметката на општина Струга,
  12. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за средното образование за 2022 година,
  13. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основното образование за 2022 година,
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материали за седница

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).