vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Во рамките на проектот “Cooltour“ од програмата за Прекугранична соработка на ЕУ, финансиран од општиот буџет на Европската Унија, потпишан е работен договор помеѓу Општина Струга, претставувана од градоначалникот Рамис Мерко, и БВ Инѓињеринг-Битола, претставувана од Крсте Неделковски.

Станува збор за реконструкција на инфраструктурата на делот кај езерото, наречен Езерски Лозја. Овој проект има за цел модернизирање на коловозот, пешачкото шеталиште, велосипедската патека и секако вклучување на атмосферската канализација и уличното осветлување.
Проектот е еден од сегментите на општиот проект, кој со својата реализација ќе понуди многу придобивки за промоција на градот.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).