vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување 14 (четиринаесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 14 (четиринаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 28.09.2022 год. (среда) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од дванаесетта седница на Советот на општина Струга.

– Записник од тринаесетта седница на Советот на општина Струга.

  1. Годишен извештај на Основно општинско музичко училиште – Струга за учебната 2021/2022 година.
  2. Годишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ с.Јабланица за учебната 2021/2022 година.
  3. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за учебната 2022/2023 година.
  4. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Св. Климент Охридски“ – с.Драслајцаза учебната 2022/2023 година.
  5. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за учебната 2022/2023 година.
  6. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици во ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта за учебната 2021/2022 година.
  7. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши за учебната 2022/2023 година.
  8. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  9. Годишна програма за работа на СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  10. Годишна програма за работа на СОУ „Нико Нестор“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  11. Годишна програма за работа на ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта за учебната 2022/2023 година.
  12. Годишна програма за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  13. Годишна програма за работа на ООУ „Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши за учебната 2022/2023 година.
  14. Годишна програма за работа на ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за учебната 2022/2023 година.
  15. Годишна програма за работа на ООУ „Единство“ – с.Октиси за учебната 2022/2023 година.
  16. Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за учебната 2022/2023 година.
  17. Годишна програма за работа на ООУ „Св. Климент Охридски“ – с.Драслајца за учебната 2022/2023 година.
  18. Годишна програма за работа на ООУ „Мурат Лабуништи“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  19. Годишна програма за работа на Основно општинско музичко училиште – Струга за учебната 2022/2023 година.
  20. Годишна програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  21. Годишна програма за работа на ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта за учебната 2022/2023 година.
  22. Одлука за поставување на плаката.
  23. Извештај за состојбата во областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и безбедност во патниот сообраќај на подрачјето на ПС од општа надлежност – Струга за период од 01.01 до 30.06.2022 година.
  24. Квартален извештај на финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за втор квартал 01.01.2022-31.06.2022 година.
  25. Извештај за работењето на ЈП „Комунално“ Струга за период од 01.04. до 30.06.2022 година.
  26. Финансиски извештај за работа за втор квартал 01.04-30.06.2022 година на ЈП „Еко Струга“ Струга.
  27. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ с.Лабуништа за период од 01.04.2022 до 30.06.2022 година.
  28. Втор квартален извештај за работењето на ЈП „Октиси“ с.Октиси за 2022 година.
  29. Предлог – Одлука за согласност на Изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.
  30. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈП „Водовод и канализација“ – Струга за 2023 година.
  31. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2023 година.
  32. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа за 2023 година.
  33. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за 2023 година.
  34. Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Струга и Вевчани.
  35. Предлог – Програма за зимско одржување на локални патишта и улици за 2022/2023 година.
  36. Одлука за донесување на план за парцелизација.
  37. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.1981 во КО Вевчани-вон гр.р.
  38. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.560, КП бр.561, КП бр.854 и КП бр.1727/1 во КО Ложани.
  39. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.2906 и КП бр.2909 во КО Ташмаруништа.
  40. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.2072/1 во КО Велешта.
  41. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.3132/1 во КО Струга.
  42. Иницијатива изработка на измени и дополнување на Детален урбанистички план за УП 9 дел од урбан блок 24 УМ 1, 2, 3 и 4, Општина Струга.
  43. Иницијатива за изработка на синхронизиран план за ГУП и ДУП за УЕ 1 дел од блок 7, Општина Струга.
  44. Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижна стварна МЗ с.Долна Белица.
  45. Одлука за согласност со намена за исплаќање на потребните средства за веќе реализирани културни настани на ден 15, 16 и 20 јули 2022 година.
  46. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Мирко Домазетоски.
  47. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Шенол Илјази.
  48. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Едлир Винца.
  49. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Мендухије Сефери.
  50. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Милетева Шулеска.
  51. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Лири Шабани.
  52. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Никола Видиќески.
  53. Предлог – Одлука за субвенционирање на услуги за превоз на ученици.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 14-та седница

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).