Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 19 (деветнаесетта) седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 19 (деветнаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 26.01.2023 година (четврток) со почеток во 13:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Записник од седумнаесетта седница на Советот на општина Струга.
- Квартален извештај за работа на Општина Струга за четврти квартал 2022.
- Предлог – Буџетски календар на Општина Струга за 2024 година.
- Финансиски извештај за работа на четврт квартал 01.10-31.12.2022 година на ЈП „Еко Струга“ Струга.
- Предлог – Одлука за согласност на Изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Еко Струга“ – Струга.
- Иницијатива за изработка на ДУП за плански опфат на дел од УЕ 11, дел од УБ 4 во КО Струга и КО Мислешево, Општина Струга.
- Барање за финансиска помош од Замира Лога.
- Барање за финансиска помош од Нериман Бафтијари.
- Барање за финансиска помош од Ружица Костовска.
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во Општина Струга за 2023 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши