Ве известувам дека 25-та седница на Советот на Општина Струга се презакажува за 22.08.2023 година (вторник), со почеток во 09:00 часот во Салата на Советот на општина Струга.
За седницата е предложен следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Записник од дваесет и трета седница на Советот на општина Струга.
- Записник од дваесет и четврта седница на Советот на општина Струга.
- Записник од втора вонредна седница на Советот на општина Струга.
- Годишен план за вработување во ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта за 2024 година.
- Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за 2024 година.
- Годишен план за вработување во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2024 година.
- Годишен план за вработување во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за 2024 година
- Предлог – Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП).
- Барање од Голден Фист.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
- Одлука за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши, с.р.
